Внимание!
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
JavaScript е производ на Netscape, и претставува скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со можност да се извршува на повеќе хардверски и софтверски платформи. JavaScript е мал и едноставен јазик, кој се користи во комбинација со други продукти и апликации, како на пример веб прелистувач (анг. web browser). Вгнезден во соодветен продукт, JavaScript може да се поврзе со објектите во неговата околина и да овозможи програмска контрола над нив. Основата на JavaScript јазикот се состои од основно множество на објекти, како што се Array, Data и Math, основно множество на елементи на јазикот како што се операторите, контролните структури и искази. Основата на JavaScript може да се проширува во зависност од потребите со додавање на дополнителни објекти; пример:
Client-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти за контрола на веб прелистувачот (Navigator, MS Internet Explorer или некој друг веб прелистувач) и Document Object Model објектот. На пример овие објекти овозможуваат да се додаваат и контролираат елементите од HTML формата или да се одговори соодветно ?