| CARVIEW |
]]>
Има луѓе кои ќе речат: да, но од љубов не се живее.
За љубов се живее.
Љубовта се менува, токму и затоа трае затоа што се менува, а не поради тоа што останува иста и не се соочува со предизвици.
Кога нашите нозе се уморни, не смееме да се откажеме, напротив можеме да одиме благодарение на силата на нашето срце, а кога тоа ќе биде уморно, тогаш тука е нашата надеж, надежта која секогаш трае.
За да ја разбудиме љубовта заспана во другите луѓе, треба само една работа да направиме: да ја разбудиме љубовта во нас. Само тогаш ќе бидеме способни да привлечеме наклонетост, ентузијазам и почит.

1та минута.. Тој ден, тој мост, тоа лице, таа минута..пресудна за се`. Таа беше првата минута и првиот поглед од нешто што подоцна го нареков љубов. Следеше движење, неговото грациозно движење и подавање на неговата рака. Никогаш подоцна не би било исто, никогаш повеќе не би се ракувал со мене, никогаш повеќе немаше да се претстави.. па морав да се фокусирам. Да го запамтам тој момент затоа што се` се случува само еднаш. Но, чувствував дека не останува само на тој момент, го заинтересирав.. Знаев.
2та минута.. Поминаа месеци.. дозволив да ме заинтересира странец, не го познавав, не знаев ништо за него..се дерев во себе кога добив анонимен повик. Неговиот глас, потоа неговото име..тоа беше тој. Симпатичен глас кој ме покани на вечера, а јас не можев да речам НЕ.
3та минута.. Деловната вечера за која ми зборуваше, на која ме канеше како придружба, не излегуваше во пракса. Бевме сами.. Јас, Тој, прекрасната девојка со виолина среде најелитниот ресторан кој беше празен само за НАС. Почнавме да се запознаваме, но не ми даде ни адреса, ни број.. рече дека не живее тука, има потекло од тука но, нема дом, патува и моментално е само на поминување. Тоа беше моментот кога ми се сруши се`, сите надежи и соништа. Тој всушност беше само ТУРИСТ.
4та минута.. Помина година од таа средба.. чекав повторно повик со иста желба, секој ден..но, попусто. Сакав да го заборавам но, ништо. Помина уште една година, почнав да се терам себе си да заборавам но, нешто ми ги врати мислите, ме потсети на него. Тоа беше едно парче хартија, една разгледница на која пишуваше,, Само да те поздравам“-испратена од Тибет. Знаев, тоа беше Тој.
5та минута.. Го земав телефонот, свртев неколку броја и во најскоро време резервирав карта за Тибет. Бев многу вознемирена од помислата ,,Што ако не биде тој таму?“ Но, собрав храброст и се довлечкав на аеродром. Чекајќи повик, кога ќе тргнеме, некој ме викна, се свртев иако помислив дека не викаат по мене., се свртев и така останав уште долго.Тој мирно стоеше таму,ме прочита, знаеше за каде ми е картата во моите раце, молчеше потоа ме бакна и рече:,,Дојди, да бегаме од тука!“. (Тоа беше нашиот прв бакнеж.)
6та минута..Ќе ги зачувам убавите моменти со него, само за себе.. не ви откривам каде заминавме, но ќе ви кажам, беше прекрасно. Иако само еднанедела го чувствувам неговиот мирис, иако само една недела ги гледав тие очи, верувајте беше доволно за наредните две години. Две години без него.
7ма минута.. Ни глас, ни траг.. но веќе навикнав на тоа. Навикнав на самотија и празнина, се откажав од помислата да барам некој кој ќе биде до мене физички.. затоа што не би можела да го сакам, не како него. Се отселив, го заборавив дури и мојот роденден, го исклучив мобилниот, ги симнав ролетните, се вовлеков под ќебе, но сум заборавила една работа. Да ја заклучам вратата. Следното утро на масичката до креветот најдов плик со црвена панделка. Помислив..ова е мајка ми, ми дала пари за да си ја платам киријата, демек роденден ми е, но повторно- грешка. Внатре имаше прстен и 2 авионски карти за Париз. Од кого ли беше подарокот ?!

]]>
Со лага доспеваме до целта, со газење преку другите посегнуваме кон трофејот, го зграпчуваме, со очи полни жед кон таа бедна пластика на која лежат милионите. Богатење без ни малку труд, добивка на сметка на туѓата беда, “видни лица“ со купени дипломи, некогашни пропалици, без`рбетници ,а денешни директори. Такви- никакви, калосани, без нанометар чист образ се криеме во темниците и супериорно ги гледаме другите како се борат за живот, како се дават во сопствената плунка.
Се чувствувам како во џунгла, како жедна за капка вода среде никаде, се чувствувам беспомошно(но и во џунгла знам од што да бегам, во пустина знам дека треба да се кријам од жешкото сонце). Но, тука, тука не си го знам ни непријателот, затоа што се крие некаде во луѓето што ги сметам за блиски.
Го нема доброто во луѓето, тоа исчезна во борбата за превласт, за пари, престиж и моќ, ги нема повеќе тие тетке, стринке, трампањето информации, видувањата, топлите погледи, колачите подадени од комшиката во момент кога си ја изгубил надежта и си се помирил со фактот дека ќе останеш гладен, зашто родителите ти се роботи кои работат милион професии за да ти обезбедат егзистенција. Е, тоа е обичниот народ кој не го изгубил образот во денешнава приватизација, малкумина кои останаа да се држат наспроти неоснованото богатење, малкумина достојни за почит.
Ние, сме тие- паразити, на кои не им е гајле што се` уништуваат, желни за повеќе.. Иако сето ова го знаеме, зошто така мирно го прифаќаме фактот дека самите ја убиваме добрината, со тоа го убиваме и моралот. Зарем не сме способни да избегаме од оваа реалност, зарем толку е невозможно да одолееш на “слатките“ замки кои ти ги поставуваат, а за чија сметка го губиш хуманото во себе, се повеќе се претвораш во робот чиј дар- животот, станува само цел да преживееш. И, не е ова со цел да се критикува човечкиот род и мизеријата во која се претворил,туку само едно прашање, зошто е така? Мора ли да биде? И најважно од се, до кога може да постоиме вака?! До кој степен треба да се уништиме себе за да сфатиме дека време е за промена и дали кога ќе го сфатиме тоа ќе има се уште простор за промена, можност и сила за чекорот кој ќе не врати на вистинскиот пат? Запрашајте се дали е вредно во наследство да оставите лесно заработени пари ,а со тоа и руина од морал?
]]>
ех


